Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ја има честа и обврската по втор пат да биде организатор на две големи првенства од ФАИ1 категорија. Комисијата за слободно летање (CIVL) која е дел од Интернационалната Воздухопловна федерација (FAI), и ја додели на ВФМ реализацијата на 20-то Европско првенство во змејарство класа 1 (Hanggliding) и 8-то Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings) кои што ќе се одржат во Крушево во 2018 година.

Натпреварите се одвиваат во Пелагонискиот регион во следните термини:

• Од 8 до 21 јули 2018:
• 20 – то Европско првенство во змејарство (класа 1) и 8-то Светско првенство во змејарство (класа 5)

Организаторите превидуваат користење на Старт локации во Крушево (Мечкин Камен) и локации во општина Крушево, Прилеп, Битола и Кривогаштани за места за слетување и крај (цел) на трките.

Практично во периодот од 8ми јули до 21ти јули 2018, Пелагонискиот Регион, а посебо Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува европската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на европската воздухопловна спортска јвност и домаќин на околу 300 учесници – пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.

ноември 17, 2017

Инфо

Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ја има честа и обврската по втор пат да биде организатор на две големи првенства од ФАИ1 категорија. Комисијата за слободно […]
февруари 25, 2017

Крушево домаќин на 16то светско првенство во параглајдерство

На последната пленарна седница на CIVL (комисијата за слободно летање при ФАИ) во Салзбург беше донесена одлука Крушево да го организира следното 16 то по ред […]
септември 6, 2016

BLANIK Купа 2016: Марјан Ивановски од АК Штип беше апсолутен победник

Марјан Ивановски од Аеро клубот “Штип” е победник на 11-от “Blanik куп” во 2016 година, што се одржа 27.August, на аеродромот Uriah во Приедор. Ивановски беше апсолутен […]
март 17, 2016

Пред Европскиот шампионат 2015 Рака плови и словенечкиот државјанин