Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ја има честа и обврската по втор пат да биде организатор на две големи првенства од ФАИ1 категорија. Комисијата за слободно летање (CIVL) која е дел од Интернационалната Воздухопловна федерација (FAI), и ја додели на ВФМ реализацијата на 20-то Европско првенство во змејарство класа 1 (Hanggliding) и 8-то Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings) кои што ќе се одржат во Крушево во 2018 година.

Натпреварите се одвиваат во Пелагонискиот регион во следните термини:

• Од 8 до 21 јули 2018:
• 20 – то Европско првенство во змејарство (класа 1) и 8-то Светско првенство во змејарство (класа 5)

Организаторите превидуваат користење на Старт локации во Крушево (Мечкин Камен) и локации во општина Крушево, Прилеп, Битола и Кривогаштани за места за слетување и крај (цел) на трките.

Практично во периодот од 8ми јули до 21ти јули 2018, Пелагонискиот Регион, а посебо Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува европската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на европската воздухопловна спортска јвност и домаќин на околу 300 учесници – пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.