Јуниорите во Воздухопловно Спортско Моделарство со Врвни Резултати на Светски Куп “Трофеј на Прилеп” и “Македонија”

Одлични Параглајдинг Перформанси на Прилеп Опен 2018 и Државно Првенство на Националната Параглајдинг Лига
октомври 18, 2018
Параглајдинг – Врвни резултати на Перник Опен 2018
октомври 22, 2018

Јуниорите во Воздухопловно Спортско Моделарство со Врвни Резултати на Светски Куп “Трофеј на Прилеп” и “Македонија”

Одличен настап, врвни резултати и многу медали и бодови во Светскиот куп за нашите спортски моделари на „Трофеј на Прилеп“ и „Светски Куп Македонија“.

На 29.09.18 беше организиран Светски куп “Трофеј на Прилеп.”

На 30.09.18 Прилеп беше горд домаќин на Светскиот куп “Македонија”. На настаните учествуваа 82 учесници од 13 земји.

Линк до резултати

Линк до Галерија Фотографии

На Светскиот Куп “Македонија” со трофеи се закитија и јуниорите/спортски надежи на Воздухопловна Федерација на Македонија, Александар Цветановски и Анастасија Пожарска.

 

Агенција за млади и спорт и додели на федерацијата две стипендии за Александар и Анастасија, а се надеваме идната година на листата на спортски надежи да ги додадеме и останатите јуниори кои се закитија со медали, Симона Тошеска, Филип Црјеница, Петар Цветановски и Зоран Петрески.

На натпреварот учествуваа 13 земји, но Русија се издвои во поглед на перформанс и резултати. Инаку Прилеп беше домаќин на два Светски купови во Воздухопловно моделарство.

Двата настани се одржуваат традиционално во Прилеп. Клубот Фил Феникс ги организира во континуитет секоја година, и се одлична можност за дружба преку спорт и промовирање на земјата и нашата туристичка понуда.

Голема благодарност до Macedonia Timeless за нивната поддршка на овој настан.

Воздухопловна Федерација на Македонија

Б.Е.