Параглајдинг – Врвни резултати на Перник Опен 2018

Повторно голем успех на националниот параглајдинг тим на Перник Опен 2018 – Европски куп во прецизно слетување кој се одржа 19-21.10.2018.

Параглајдинг тимот кој учествуваше во финалниот круг од Европскиот куп е составен од параглајдеристи од клубовите Делта и Скајрајдерс од Прилеп.

Националниот параглајдерски тим екипно освои прво место!

Второто место во индивидуална конкуренција му припадна на Мартин Јованоски од Прилеп.

Во женска конкуренција Александра Увцеска освои трето место.

2018 е година на доминација на Националниот параглајдинг тим над комшиите од Србија, Грција И Бугарија, а и во Словенија екипно се пласиравме во првите пет.
Честитки за нашите спортски воздухопловци и секогаш сино небо!

Резултати од натпреварот

Воздухопловна федерација на Македонија кон крајот на Декември ќе организира традиционална манифестација за прогласување на најдобрите спортисти.

Б.Е.