На 28 октомври 2019 г.(понеделник), во „Сала Милениум 2“ на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 18.30 час ќе се одржи промоција на книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“

Во книгата се поместени историски документи, фотографии и факти за првиот падобрански скок на овие простори, како и воздухопловната кариерата на Владимир Трајковиќ, првиот пилот на првиот полициски хеликоптер на некогашната македонска милиција, при тогашниот РСВР. Авторот на книгата е Ѓорги Чачкиров, кој и самиот е професионален пилот и сестран воздухопловен активист со долгогодишно искуство. 

Чачкиров направи повеќегодишно истражување на воздухопловната кариера на Александар и Владимир Трајковиќ (татко и син) што го преточи во своевиден историски воздухопловен учебник, насловен „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“. Со тоа, книгата претставува прво дело од ваков вид во нашава држава Република Северна Македонија, која опфаќа период од повеке од 90 години, каде најголемиот број документи, факти  и фотографии, за прв пат ќе бидат објавени, не само на просторот на нашава држава, туку и пошироко и во светски размери, со што претставува посебност со ретка историска вредност. Рецензент на книгата е проф. д-р Стево Пендаровски.

 Ќерките на Владимир Трајковиќ, Олгица Ташковска и Јулијана Трајковиќ

октомври 28, 2019

Промоција на Книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“

На 28 октомври 2019 г.(понеделник), во „Сала Милениум 2“ на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 18.30 час ќе се одржи промоција на книгата „Сините хоризонти […]
октомври 28, 2019

Успешна Организација на Европско Јуниорско Првенство во Спортско Моделарство

На спортскиот аеродром во Прилеп се случи уште една успешна организација на Европско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпреварувачи од 19 […]
септември 17, 2019
Годишна Сметка 2018та

Преглед на Годишна Сметка на ВФМ за 2018та

Со вас ја споделуваме завршната сметка за Воздухопловна Федерација на Македонија за 2018та.
јули 26, 2019

Ранг Листа на Спортски Надежи во 2019та

Воздухопловната Федерација на Македонија ги избра најуспешните млади спортисти за 2019та и ги рангираше согласно нивните резултати: