Успешна Организација на Европско Јуниорско Првенство во Спортско Моделарство

Годишна Сметка 2018та
Преглед на Годишна Сметка на ВФМ за 2018та
септември 17, 2019
Промоција на Книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“
октомври 28, 2019

Успешна Организација на Европско Јуниорско Првенство во Спортско Моделарство

На спортскиот аеродром во Прилеп се случи уште една успешна организација на Европско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпреварувачи од 19 држави.  Настанот е во организација на Воздухопловна Федерација на Македонија и ВК Фил Феникс.

Во Прилеп се собра светската елита на воздухопловно спортско моделарство, јуниорите се натпреваруваа во 3 категории Ф-1-А, Ф-1-Б и Ф-1-П.

Отвори Галерија со Фотографии

Македонската јуниорска репрезентација беше составена од пет најуспешни јуниори во две категории: Ф1А – модели на слободен лет – Анастасија Пожарска, Зоран Петрески и Симона Тошеск и Ф1Б – модели на моторен погон – Александар Цветановски и Петар Цветановски.

Организаторот “Фил Феникс” од Прилеп 14 години по ред успешно ги организира настаните од областа на спортско моделарство, поради што на нашата држава и беше доделена организацијата на Европско јуниорско првенство.

„Ја збогативме македонската ризница во воздухопловни спортови. Оваа година одржуваме 4 воздухопловни манифестации тука. Денеска започна најважната од нив, а тоа е европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство и тоа во најтешките можни дисциплини кои се организираат, модели за слободен лет. Имаме присуство на натпреварувачи од 19 држави, тука е врвот на Европа од овој спорт. Имавме денеска исклучиво интересен ден, со многу постигнувања на максимални резултати и веќе конечно во завршниот дел од полуфиналето се пласираа 7 натпреварувачи. За утре се закажани финалните летови. На ова првенство покажано е максимално присуство на наука, нови технологии, електроника, многу високи психо-физички карактеристики на спортистите кои што учествуваат тука и кои укажуваат на тоа дека во овој спорт секоја година се покажуваат се поголеми врвни резултати“, вели Здравко Тодороски, организатор на шампионатот.

Отвори Галерија со Фотографии

Видео – Доделување на Награди

Б.Е.