На 02.02.2018 година со почеток во 17 часот се одржа 13то Собрание на Воздухопловна федерација на Македонија. На собирот присуствуваа 33 делегати од 5 Аеро Клубови и 10 воздухопловни клубови.
Собранието го водеше претседателот на Воздухопловна федерација на Македонија, Владимир Бараковски. Тој пред присутните делегати го презентираше Извештајот за работењето на ВФМ, успесите на воздухопловните спортисти и репрезентации и ги информираше за идни планирани спортско-воздухопловни активности.
Во рамките на Собранието беше презентиран и Годишниот финансиски извештаj:
Финансиски извештај ВФМ 2017 Приходи
Финансиски Извештај ВФМ 2017 Трошоци 1
Финансиски Извештај ВФМ Трошоци 2
Во рамките на Собранието беше изгласан нов состав на членови на Управен Одбор и Надзорен Одбор.
Во согласност со барањето на Агенција за млади и спорт, во Статутот на ВФМ беа додадени усогласувања со новите измени на Законот за Спорт и Законот за игри на среќа. Дополнувањата во Статутот ги презентираше генералниот секретар на ВФМ, Биљана Еверетте.
На Собранието збор зема и претставник на Агенција за Цивилно Воздухопловство, Драги Стојаноски кој ги поздрави присутните и посака многу успеси во иднина.
Претседателот на ВФМ ја презентираше можноста која ја нуди Законот за даночно поттикнување на спортот, согласно Упатството за користење на мерките за даночно поттикнување.
Последна точка на Дневниот ред беше ребрендирање на ВФМ. Претседателот даде објаснување за потребата од ново лого на Воздухопловната Федерација на Македонија. Симбол кој ќе ги обединува и еднакво ќе ги застапува сите воздухопловни спортови:
Присутните делегати позитивно се изјаснија во однос на новото лого на ВФМ и едногласно го усвоија предлогот. 13тото Годишно Собрание на Воздухопловна федерација на Македонија заврши во 21 часот.