“Маврово Опен” 2018 е меѓународен натпревар во Параглајдерство – прецизно слетувањe во организација на Летачки Клуб Кондор од Гостивар, и со поддршка на Воздухопловна Федерација на Македонија, и е дел од календарот на Интернационалната Воздухопловна Федерација (FAI).
Во периодот од 27-29 април 2018 година во Маврово ќе се одржи “Маврово Опен”, параглајдерски натпревар на кој учество ќе земат пилоти на крила од 6 држави, Македонија, Албанија, Бугарија, Косово, Србија, Турција и Романија.
Свеченото оттварање е закажано во Сабота во 10 часот на Спортскиот Стадион Маврово, а по настанот гостите ќе се упатат кон хотел Радика.
На Спортскиот Стадион се наоѓа и целта за слетување на параглајдеристите. Се работи за електронска направа наречена “палачинка” на која ќе треба да се погоди со врвот на прстите од ногата што поблиску до центарот.
Идеалниот резултат е нула поени, а што сте поддалеку од цела тоа повеќе поени собирате.
Во недела е втор ден од натпреварот кој ќе почне во раните утрински саати. Прогласување на победниците е во 15 часот, а потоа посетителите ќе имаат можност да искусат и самите дел од воздухопловните убавини.
Викендов во Маврово се одржува и вториот натпревар во лигата во Параглајдерство – прецизно слетување во организација на Параглајдинг Клуб “ДЕЛТА” од Прилеп.
Учесниците можат да ги пополнат регистрационите форми на:
http://mavrovoopen.mk/register/ и http://pgliga.mk/reg/
Агенда на Македонската Лига во Параглајдинг
Двата настани беа промовирани во утринска емисија “Македонија Денес” на 24 Вести.
Во емисијата гостуваа Генерален секретар на Воздухопловна Федерација на Македонија, Биљана Еверетте и Претседател на Параглајдерска комисија, Мартин Јованоски.
На годинашниов натпревар учествуваа вкупн 38 (триесет и осум) натпреварувачи од 7 земји, и тоа, од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија, Бугарија и Црна Гора. По излетани 2 серии, натпреварот заврши со следниве резултати:
Маврово Опен 2018 машка категорија:
Прво место – Мартин Јовановски (МК)
Второ место – Јасен Нејчев (БГ)
Трето место – Димитар Ралев (БГ)
Маврово Опен 2018 женска категорија:
Прво место – Кристина Бросу (РО)
Второ место – Фатјона Гегај (КС)
Трето место – Марија Дамјановска (МК)
Македонска државна лига во прецизно слетување
Прво место – Мартин Јовановски (МК)
Второ место – Миле Јовановски (МК)
Трето место – Златко Спирковски (МК)
Натпреварот помина во најдобар ред, без никакви инциденти. Следната година “Маврово Опен 2019“ се планира за во месец Мај, 2019 година