Историја на ВФМ

Први воздухопловни друштва во Македонија основани се 1923. година во Скопје и Струмица, а во есента 1926. година недалеку од Скопје на Зајчев Рид изведен е прв Аеромитинг.

На 15. јануари 1945 година одржано е Основачко собрание на Воздухопловното друштво, а во ревитализираната воздухопловна работилница истата година биле произведени две едрилици од типот Цилинг.

Основни Активности

Со својата организација и активности ВФМ ги опфаќа: Воздухопловното и ракетното моделарство, воздухопловното едриличарство, летање на моторни авиони, падобранство, балонарство, параглајдерство, змајарство, летање на ултра лесни авиони и самоградба на воздухоплови. Во рамките на своите активности ВФМ учествува во организирањето на државните и меѓународните натпревари, воздухопловни манифестации за популаризација и омасовување на воздухопловните спортови, селекција и подготовка на спортистите за учество на меѓународни натпревари, а преку своите членки (Воздухопловно спортски клубови), селекција, едукација и обука на млади кадри за спортското воздухопловство, за потребите на стопанската авијација, сообраќајната авијација, Армијата на Р.Македонија, полицијата и Владата.

ВФМ со Аероклубовите располага со пет (5) спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола во рамките на кои функционираат воздухопловно школски центри. Во петте Аероклуба се врши обука на ракетни и воздухопловни моделари, едриличари, падобранци и пилоти на моторни авиони.

Обука на параглајдеристи се врши во рамките на неколку параглајдерски клубови членки на ВФМ.

History of Events

Aeronautical Federation of Macedonia has proved its ability to organize highly successful events of different FAI classes.

2010

2011


2012

2013


2014

2015

Upcoming Events 2016