Промоција на Книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“
октомври 28, 2019

Ваучер во Спорт 2019 Година

Годишна Сметка 2018та

Изминатата година Агенција за млади и спорт излезе со нов систем за добивање на средства – систем на Ваучер во спорт. Во продолжение извештаи за трошење на финансиите за ВФМ и Клубовите членки на ВФМ.

Воздухопловна Федерација на Македонија успеа да реализира 900.000 денари од Ваучер во спорт, од кои 800.000 со помош на Стопанска Банка АД Скопје и 100.000 со помош на МИГ Травел од Битола.

Управниот Одбор на Воздухопловна Федерација на Македонија на одржана седница на ден 27.02.2020 донесе одлука за следната распределба на средства од Ваучер:

60% од Ваучер или 540.000 денари да се искористат за награда на воздухопловни клубови кои организирале натпревари во 2019 година и спортисти поединци кои постигнале резултати во 2019та

40% од Ваучер или 360.000 денари да се искористи за Развој на спорт со следната поделба на спортови:

– Спортско моделарство набавка на ГПС тракери

– Едриличарство – набавка на авио гориво за тренинзи

– Падобранство – Обука на ригери (прегледувачи) на падобрани, досега падобраните се носеа во Србија на преглед

– Параглајдинг – Комисијата за параглајдинг реши нивните средства за Развој на спорт да ги подели како награда за параглајдинг клубови кои организирале натпревар и најдобрите Параглајдеристи.

– Змејарство – Уплата на 1.5 котизации за Европско првенство во Италија во Јули.

Преглед на Клубови корисници на Ваучер во спорт:

Аеро Клуб Охрид од Охрид со помош на фирмата Ланч Бар Су од Охрид го уновчија Ваучерот од 154.000 денари, со овие средства беше нарачана ЦНЦ машина во вредност од 254.000 денари

Воздухопловен Клуб Фил Феникс од Прилеп со помош на Мермерен Комбинат Прилеп го уновчија Ваучерот за спорт во износ од 310.500 денари и употребени за: Автобуски превз на деца и спортисти, Ноќевање за судии за Европско првенство, Компјутер, Воздухопловни модели.

Параглајдинг Клуб ДЕЛТА од Прилеп со помош на САВА Пензиско Друштво АД Скопје реализираше Ваучер во спорт во вредност од 249.750 денари.

Средствата беа употребени за: 4 Котизации за учество на Светски купови, наем на комбе за превоз на натпревари за 2020 година, Сервисирање и технички преглед на опремата за 2020 година, Ваучери за гориво од Макпетрол и банкарски провизии.

Аеро Клуб Куманово од Куманово со помош на Фирмата Бони Ер го уновчи ваучерот од 54.000 денари и средствата беа употребени за плата за вработени во клубот, надоместоци за закуп на објект и плин.

Б.Е.