Одлични Параглајдинг Перформанси на Прилеп Опен 2018 и Државно Првенство на Националната Параглајдинг Лига

Небото над Македонија ќе е полно со змејови: Европско и Светско првенство во Змејарство ни гостуваат летово во Крушево
јули 3, 2018
Јуниорите во Воздухопловно Спортско Моделарство со Врвни Резултати на Светски Куп “Трофеј на Прилеп” и “Македонија”
октомври 18, 2018

Одлични Параглајдинг Перформанси на Прилеп Опен 2018 и Државно Првенство на Националната Параглајдинг Лига

На 13 и 14 октомври во Крушево традиционално се одржа Меѓународен натпревар во параглајдинг – прецизно слетување “Прилеп Опен” и Државно првенство на Националната параглајдинг лига.

Локацијата Крушево, Мечкин Камен беше избрана за старт поради поволните ветрови, а на овој натпревар од Европскиот Куп учествуваа 46 пилоти од 6 земји.

На натпреварот учествуваа врвни пилоти, но домашните параглајдеристи убедливо доминираа со врвни резултати! Прво и второ место освоија Борјан Јованоски и Мартин Јованоски, засенувајќи го европскиот првак за 2018-та Матијаз Слуга од Словенија.

Тој го зазема третото место и со почит им честиташе победа на браќата Јованоски.

Победници во категоријата “Државно првенство на Македонија.”

Врвни резултати, многу медали и бодрење за Борјан, Мартин и Миле Јованоски од Параглајдинг Клуб Делта од Прилеп.

Убедливо прво место зазема Борјан Јованоски од Прилеп. Овој успешен млад спортист месецов дипломираше на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и порачува:

“Живејте ја својата ВИЗИЈА, растргнете ги препреките од вашиот поглед, создадете нови погледи, идеи и животни остварувања, правете го она што ве прави среќни, онаму каде што има препрека – вратете се, земете залет и прескокнете ја истата. Тоа треба да биде дел од суштината на нашите животи.”

Натпреварувачите од останатите земји беа презадоволни од организацијата на натпреварите и условите за летање. Ова е извадок од пост на Антон Свољшак, пилот од Словенија.

“Thanks to the organizer for all the effort. Some of us stay here. The weather is fantastic, both for training and candid flights. In two days, we move to Bulgaria in Pernik to the final game of the EP.”

“Благодарен сум што организаторот толку се потруди. Неколку од нас остануваат тука. Времето е фантастично, и за тренинг и за уживање. За два дена тргаме накај Перник во Бугарија за Финалето на Европските првенства.”

Врвни резултати  на национално ниво постигнавме и во женска конкуренција. Златото го освои Деспина Станковска од Прилеп, второто место и припадна на Александра Уфцеска, додека на третото место се најде Теодора Величкова од Бугарија.

Александра Уфцеска (лево) и Деспина Станковска (десно)

Александра Уфцеска е активна параглајдеристка за која овој спорт претставува дел од секојдневното живеење. Нејзината кариера особено ја одбележуваат учествата на Светско првенство во Валона 2017 година и Европско првенство во прецизно слетување во Словенија 2018 година.

Прогласување на најдобри параглајдерски клубови за 2018

Прво место: Параглајдинг Клуб “Делта” од Прилеп

Претседателот на клубот, Мартин Јованоски потекнува од воздухопловна фамилија во која одсекогаш се негувала љубовта кон воздухопловството. Покрај квалитетното менторство од неговиот татко, успехот на Мартин и неговите врвни резултати се должат и на континуиран тренинг, постојано учество на меѓународни натпревари и огромна љубов кон воздухопловните спортови. Фамилијарната приказна ја заокружи неговиот брат Борјан Јованоски со убедливо прво место за 2018 година.
Оваа година клубот Делта организираше и беше дел од организацијата на повеќе натпревари. Сезоната започна на Велигден со Националната Параглајдинг Лига:

Национална Параглајдинг Лига во Крушево за Велигден 2018.

Дел од спортските и организациски активности на Мартин Јованоски:

  • Организација на Македонска параглајдинг лига и две државни првенства;
  • Учество во организација на параглајдерски натпревар Маврово опен, Љуботен Опен, Пред-светско првенство во параглајдерство, Македонија и Унгарија Опен;
  • Освоено злато на Промахи Опен во Грција, натпревар од ФАИ 2 категорија;
  • Освоено злато на Љуботен Опен, дисциплина Крос Кантри, ФАИ2 кат.
  • Учество на Европско првенство во Словенија со освоено 5то место екипно.
  • Второ место за Параглајдинг клуб Делта и второ место во индивидуална конкуренција за Миле Jованоски на Прокупље Опен

Второ место: Клуб “Скајрајдерс” од Прилеп

 

Златко Спиркоски и синот Адам Спиркоски на Европско во Словенија.

Клубот Скајрајдерс има долгогодишна традиција во организација на воздухопловни натпревари. Во 2017-та година клубот Скајрајдерс прослави 25 години постоење.

Директорот на натпреварот, Златко Спирковски од Прилеп е задоволен од успехот и посетеноста на Прилеп Опен:

– Прилеп Опен е повеќе од традиционален натпревар, тој е културно и историско обележје на оваа нација и прекрасна можност за промоција на Македонија. Се одржува секоја година во октомври и од спортски аспект претставува одлична шанса за најдобрите пилоти да ги измерат своите вештини.

На натпреварот присуствуваше и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски кој изјави: “Денеска во Крушево во соработка со “Скај Рајдерс” од Прилеп организираме “Европски Куп 2018” за прецизно слетување во Параглајдерство на кој учество зедоа околу 60 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Романија, Словенија, Чешка
Крушево е атрактивно и надвор од летната сезона!!!
Ново полетиште на место викано “Кула” нови видици, а со тоа и нови потенцијални посетители!!!

Првиот Куп “Прилеп Опен” е одржан во 2014та година.

Трето место: Летачки клуб “Кондор” од Гостивар

Спортист прима награда

Претседателот на ЛК Кондор, Ментор Саити.

Оваа година, во Маврово, во период од 28-29.04.2018, клубот Кондор по трет пат организираше меѓународен “FAI Class 2” натпревар во параглајдерство, прецизно слетување, а учествуваше и во организацијата на Македонската национална лига во прецизно слетување.

На годинашниот натпревар Маврово Опен учествуваа вкупно 38 (триесет и осум) натпреварувачи од 7 земји, и тоа, од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија, Бугарија и Црна Гора.

Навистина исполнета година за Националното Спортско Параглајдерство. Сите учества и успеси станаа реалност со поддршката на нашите стратешки партнери: