Промоција на Книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“

Успешна Организација на Европско Јуниорско Првенство во Спортско Моделарство
октомври 28, 2019
Годишна Сметка 2018та
Ваучер во Спорт 2019 Година
март 13, 2020

Промоција на Книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“

На 28 октомври 2019 г.(понеделник), во „Сала Милениум 2“ на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 18.30 час ќе се одржи промоција на книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“

Во книгата се поместени историски документи, фотографии и факти за првиот падобрански скок на овие простори, како и воздухопловната кариерата на Владимир Трајковиќ, првиот пилот на првиот полициски хеликоптер на некогашната македонска милиција, при тогашниот РСВР. Авторот на книгата е Ѓорги Чачкиров, кој и самиот е професионален пилот и сестран воздухопловен активист со долгогодишно искуство. 

Чачкиров направи повеќегодишно истражување на воздухопловната кариера на Александар и Владимир Трајковиќ (татко и син) што го преточи во своевиден историски воздухопловен учебник, насловен „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“. Со тоа, книгата претставува прво дело од ваков вид во нашава држава Република Северна Македонија, која опфаќа период од повеке од 90 години, каде најголемиот број документи, факти  и фотографии, за прв пат ќе бидат објавени, не само на просторот на нашава држава, туку и пошироко и во светски размери, со што претставува посебност со ретка историска вредност. Рецензент на книгата е проф. д-р Стево Пендаровски.

 Ќерките на Владимир Трајковиќ, Олгица Ташковска и Јулијана Трајковиќ