Од 16 до 17 март 2019, во Џирокастер, соседна Албанија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство ‘Gjiro Open Air 2019’ – дисциплина прецизно слетување.
Севкупен победник на натпреварот е Борјан Јованоски член на Параглајдинг Клуб “Делта”, со вкупно 26 сантиметри, додека во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска член на клубот “Sky no limit”.
Временските услови беа одлични со поволни одлики на ветрот и термички влијанија коишто овозможија да се направат 6 максимални серии според правилата на FAI. На овој натпревар зедоа учество четириесет натпреварувачи од три различни земји, меѓу кои и членови на македонската параглајдинг репрезентација. Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови.
Наредна дестинација на параглајдеристите е меѓународен натпревар во Грција „Прои Рмахи Опен 2019“ а веднаш по него Светски куп во прецизно слетување во Турција, Аланија.
Воздухопловна Федерација на Македонија продолжува со своите заложби за унапредување на спортот и создавање достоинствени услови за тренинг и развој на воздухопловните спортисти.
Б.Е.