Љуботен Опен 2018 – Параглајдерски Натпревар на Попова Шапка

Интернационален Воздухопловен Собир Мај Флај по Третпат на Стенковец
мај 11, 2018

Љуботен Опен 2018 – Параглајдерски Натпревар на Попова Шапка

Popova_Sapka_Paraglajderstvo

Од 24-27 мај 2018 година (четврток-недела) на Попова Шапка ќе се одржи “Љуботен Опен 2018”.

Се работи за Меѓународен Параглајдерски натпревар во Крос Кантри во Организација на Летачки Клуб (ЛК) Љуботен од Тетово и со поддршка на ЛК Делта од Прилеп. Се очекуваат 50 натпреварувачи од околните земји.

Popova_Sapka_Paraglajderstvo

Во склоп на Љуботен Опен ќе се одржи и вториот натпревар од македонската лига во Крос Кантри во Параглајдинг.

Локација: Попова Шапка

Старт: “Конак”

Повеќе инфо за настанот

Настанот е пријавен во Светската Воздухопловна Федерација (ФАИ) со покровителство на Водухопловна Федерација на Македонија.