Промоција на Хенди Одело за Тандем Скокови на Лица со Попреченост
март 7, 2018

Централен Регистер

ПРОМЕНА ИЛИ УСОГЛАСУВАЊЕ НА СТАТУТ – ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

1. Записник од Седница на собрание
2. Список на членови на Собрание
3. Список на членови кои присуствувале на Собрание
4. Одлука за промена на Статут (со цели и задачи)
5. Пречистен текст на Статут
6. Доказ за начин на свикување на Собрание (ако е свикано електронски тоа се додава во Статут)
7. Надомест согласно тарифата на Централен Регистар 1803 денари
8. Изјава заверена на Нотар во следниот формат:
“Јас Име и Презиме – Претседател на Назив на клуб со матичен број на лицето, врз основа на Службен весник број 52/2010 и 135/2011 и член 42 од Закон за здруженија и фондации, потврдувам дека вршењето на дејност е во согласност со закон и дека се исполнети условите за упис на промена.” Заверката нотар чини 200 денари
(На нотар носете со себе и тековна состојба или ви ја издава нотарот за 250 денари)