Оваа година ВФМ прими голем број на обрасци за Ваучер во спорт. По приемот тие беа обработени од тричлена комисија за Ваучери.

Биљана Еверетте – Раководител на стручна служба

Здравко Тодороски – Селектор во Спортско Моделарство и член на Управен Одбор при ВФМ

Мартин Јованоски – Претседател на Комисија за параглајдинг, Врвен спортист

Оваа година повторно се увиде дека дел од апликантите собираат повеќе бодови од тоа што е реално, иако имаше и случаеви каде беа заборавени и невнесени (а постигнати) резултати. Затоа е битно во комисијата да членуваат луѓе од фелата кои горе долу ги познаваат спортистите и нивната историја.

По обработка на податоците утврдивме дека спортистите мораат да бидат вклучени во национален систем на натпревари, да се државни прваци со врвни резултати дома и во странство за да можат да помислат да го преминат прагот на минимум потребни поени за да се добие ваучер.

Ова е особено изразено кај Неолимписките спортови, кои за жал во старт губат 50% од поените само поради фактот што се неолимписки. Па така излегува дека нашите спортисти се казнети, а нивните резултати вреднувани само 50% во споредба со другите.

Секоја година останува надежта дека на нашите воздухопловни спортисти ќе им се признаат сите бодови.

Во однос на бодови за Клубови,

Особено е неправеден вториот критериум во обрасците според кој треба да имате минимум 40 спортисти во клубот за најминимални бодови, а максимални земаат клубови со 500 спортисти. Овој критериум е комплетно наклонет кон масовните спортови. Воздухопловството не е масовен спорт, и затоа сите наши клубови добија по 0 бодови кај вториот критериум.

Во продолжение ранг листи на спортисти и клубови, членки на Воздухопловна Федерација:

 

јануари 20, 2023

Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2023

Оваа година ВФМ прими голем број на обрасци за Ваучер во спорт. По приемот тие беа обработени од тричлена комисија за Ваучери.
март 10, 2021

Извештај за Реализација на Ваучер во Спорт 2020

Извештај за потрошени средства од Ваучер во спорт за: а) Воздухопловна Федерација на Македонија б) Воздухопловни клубови в) Индивидуални спортисти   Воздухопловна федерација  е сопственик на […]
март 13, 2020
Годишна Сметка 2018та

Ваучер во Спорт 2019 Година

Изминатата година Агенција за млади и спорт излезе со нов систем за добивање на средства – систем на Ваучер во спорт. Во продолжение извештаи за трошење […]
октомври 28, 2019

Успешна Организација на Европско Јуниорско Првенство во Спортско Моделарство

На спортскиот аеродром во Прилеп се случи уште една успешна организација на Европско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпреварувачи од 19 […]