Во 2022 година Воздухопловна Федерација има најмногу пријавени за Ваучер во спорт.
10 клубови и 27 спортисти пратија Барања кои беа обработени од страна на 3 члена комисија при ВФМ:
Мислење на Комисија при ВФМ:
“Како и секоја година воочивме грешки при бодувањето, најмногу кај собирањето на повеќе успеси во спортот наместо сметање на еден најдобар резултат како и губење на бодови поради незнаење. Комисијата воочи дека ќе треба да се организира Обука за пополнување на обрасци во федерацијата. Исто така недостаток е немањето на физичко присуство на комисијата. Предложено е наредна година да се одржи состанок во живо или на зум.”
Воздухопловната федерација оваа година освои 260 бодови, што е за 20 повеќе од лани.
Најдобар клуб за 2021 година при ВФМ е ВСК Фил Феникс од Прилеп а најдобар спортист параглајдеристот Борјан Јованоски и спортски моделар Климент Масин од Охрид.
Во продолжение погледнете ги ранг листите на кандидати за Ваучер во спорт за 2022 година.
EPSON MFP image
EPSON MFP image