Интересни Новости

На 17 и 18 април во Маврово се одржа семинар наречен “Унапредување на родовата еднаквост во спортот” во организација на здружение “ТАКТ” од Скопје и “Women Win” од Холандија.

На семинарот учество земаа претставници на локалната самоуправа, спортски федерации и клубови. Тие преку нова алатка наречена “Lego Serious Play” ги претставија моделите на своите организации.

Првиот ден се работеше на анализа и идентификација на бариерите со кои се соочуваат спортистките и како да се надминат.

Преглед на идентификувани препреки со кои се соочуваат девојчињата кои сакаат да спортуваат:

  • Недостаток на поддршка од семејството/пријателите/партнерот;
  • Недостаток на финансии;
  • Лична сигурност;
  • Пубертет;
  • Недостаток на самодоверба.

Претставничката од Холандија, Ивон Хенри со присутните сподели успешни приказни на девојчиња кои преку спортот успеале да се стекнат со животни вештини. Особен фокус беше ставен на девојчињата од руралните средини кои немаат опции да спортуваат.

Вториот ден беше посветен на Жените-лидерки. Присутните работеа во групи и заеднички ги идентификуваа можните бариери кои ги спречуваат жените да добијат лидерски позиции во општеството. Потоа се бараа начини да се надминат тие препреки.

Претставничката на ТАКТ Силвија Митевска во спортот гледа влезна врата за здравје, добри навики и лидерство:

-Ни требаат што повеќе жени на лидерски позиции со цел да се приклучат што поголем број на девојки кои ќе учествуваат во рекреативен и професионален спорт.

Воздухопловната Федерација на Македонија се приклучува кон напорите на ТАКТ за градење на здраво општество со поголема инклузија на девојчињата во спортот и на лидерски позиции.

Б.Е.

април 22, 2019

Семинар за Родови Перспективи – Унапредување на Родовата Еднаквост во Спортот

На 17 и 18 април во Маврово се одржа семинар наречен “Унапредување на родовата еднаквост во спортот” во организација на здружение “ТАКТ” од Скопје и “Women […]
април 19, 2019

Трето Место За Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар Промахиа Опен 2019

Параглајдеристот Борјан Јованоски го освои третото место на ‘Промахи Опен 2019’ ФАИ2 Меѓународен Параглајдинг натпревар во категорија Крос Кантри кој се одржа од 10-14 април во […]
април 19, 2019

Одличен Пласман на Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар во Албанија

Од 16  до 17 март 2019, во Џирокастер, соседна Албанија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство ‘Gjiro Open Air 2019’ – дисциплина прецизно слетување.
јануари 9, 2019

Манифестација Спортист на Годината 2018 Посветена на Спортистите и Партнерите на ВФМ

На 20 декември 2018та година со почеток во 18 часот во просториите на НЛБ Галери се одржа манифестацијата ‘Спортист на годината 2018’ во организација на Воздухопловна […]