На 20 декември 2018та година со почеток во 18 часот во просториите на НЛБ Галери се одржа манифестацијата ‘Спортист на годината 2018’ во организација на Воздухопловна Федерација на Македонија.

Настанот го водеше новинарката Лина Пејкова. На самиот почеток на многубројните гости им се обрати претседателот на Воздухоплова Федерација, Владимир Бараковски кој го изрази своето задоволство од успешната натпреварувачка 2018та и посака уште многу успеси во иднина.

По обраќањето на генералниот секретар на ВФМ, Биљана Еверет започна церемонијата на доделување на дипломи за најдобрите.

Спортист на годината 2018 – Галерија на фотографии 

Признанија беа поделени во следните категории:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2018 (Сите категории)

БОРЈАН ЈОВАНОСКИ “Делта” – Прилеп

НАЈДОБАР ЖЕНСКИ СПОРТИСТ ЗА 2018та

Александра УФЦЕСКА “Делта” – Прилеп

1.место Национална Лига во прецизно

слетување 2018

2.место Државно првенство во прецизно слетување 2018

2.место 3то Коло на Европски Куп 2018
1.мето на 4то Коло на Еврсопски Куп 2018

Учесник на Европско Првенство 2018 Словенија

Освоена норма за учество на Светско првенство во прецизно слетување 2019 во Вршац, Србија

СПОРТСКО МОДЕЛАРСТВО

  • Ф-1-А категорија (воздухопловни модели – Едрилици) – СЕНИОРИ 

Гоце ЈОСИФОВСКИ Аеро Клуб „Витачево“ Кавадарци

Член на сениорска репрезентација во спортско моделарство во 2018

Обезбеди норма и е член на репрезентација за Светско првенство спортско моделарство  во 2019 год. во Ф1А катерорија.

Резултати од 2018:

  1. Светски куп натпревари:

– 10 место на Светски  Куп Прилеп – Трофеј на Прилеп;

– Финале – 4 место на Македонија Светски Куп;

– 18 место на Светски Куп Срем Куп – Србија

– 10 место на Светски  Куп Ѓорѓе Жигиќ Србија

Македонска лига

Лига – Битола:      1 место

Лига – Кавадарци: 5 место

Лига – Охрид:        2 место

Лига – Скопје:        2 место

 

 

  • Ф-1-А категорија (воздухопловни модели – Едрилици) – ЈУНИОРИ

Анастасија ПОЖАРСКА Воздухопловен Спортски Клуб „Фил Феникс“ Прилеп

Член на јуниорска репрезентација во спортско моделарство – Ф1А, категорија едрилици од 2016.

Член на репрезентација за учество на Европско Јуниорско Првенство во 2019 година

Резултати од 2018:

Светско Јуниорско Првенство во

Бугарија

– освоено поединечно 33 место од 46 натпреварувачи, екипно 11 мес.

  1. Светски куп натпревари:

1.1. Светски Куп во спортско моделарство „Прилеп  Куп-Трофеј на Прилеп“ во  катерорија Ф1А, (25/36 генерален)

– освоено – 3 место/јуниори

Светски Куп во спортско моделарство „Македонија  Куп“ во  катерорија Ф1А (25/33 генерален)

– освоено – 3 место/јуниори

 

 

 

  • Ф-1-Б категорија  (Воздухопловни Модели со погон на гумен мотор) СЕНИОРИ

КЛИМЕНТ МАСИН Аеро Клуб „Охрид“Охрид

 

Член на сениорска репрезентација во спортско моделарство во 2018

Обезбеди норма и е член на репрезентација за Светско првенство спортско моделарство  во 2019 год. во Ф1Б категорија. Резултати од 2018:

-Финале – 2 место на Светски  Куп Прилеп – Трофеј на Прилеп;

– Полуфинале – 5 место на Македонија Светски Куп;

– Полуфинале-6 место на Светски Куп Срем Куп – Србија

– 14 место на Светски  Куп Ѓорѓе Жигиќ – Србија

Македонска лига

Лига – Битола:      1 место

Лига – Охрид:        1 место

Лига – Скопје:        1 место

  • Ф-1-Б категорија (Воздухопловни Модели со погон на гумен мотор) ЈУНИОРИ

АЛЕКСАНДАР ЦВЕТАНОВСКИ Аеро Клуб „Охрид“Охрид

Член на јуниорска репрезентација во спортско моделарство – Ф1Б, категорија 2018.

Член на јуниорска репрезентација за учество на Европско Јуниорско Првенство во 2019 година.

Резултати од 2018 год.

Светско Јуниорско Првенство во Бугарија

– освоено поединечно 9 место,

екипно 11 место.

  1. Светски куп натпревари:

– 3 место за јуниори на Светски  Куп  Прилеп – Трофеј на Прилеп

– 2 место за јуниори на Македонија Светски  Куп:

– 1 место за јуниори на С.  Куп Срем Куп – Србија

– 2 место за јуниори на С. Куп Ѓорѓе Жигиќ

– 19  место генерален пласман во светски куп за јуниори на ФАИ за 2018та.

– Државен првак во јуниорска конкуренција;

– 3 место во генерален пласман за 2018 година во МКД;

  1. Македонска лига

 Лига – Битола:       2 место

Лига – Кавадарци: 1 место

Лига – Охрид:         3 место

 

  • Ф-5-Ј категорија (Радио-управувани воздухопловни модели електро едрилици) СЕНИОРИ

ДРАГАН ЦВЕТАНОВСКИ Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ – Битола

Член на репрезентација во Ф5Ј (радио управувани едрилици). Обезбеди норма за учество на Светско Првенство во Словачка 2019.

Резултати 2018та

Државно Првенство во спортско моделарство во Ф5Ј, 16.09.18 – освоено 2 (второ) место;

Пласман радио-команда Ф5Ј лига;

– 26.05.18 КУП Стенковец: 1 место;

– 15.09.18 КУП Кавадарци: 1 место;

– 06.10.18 КУП РЦСК: 1 место;

3.Пласман радио-команда Ф3А лига;

– 24.03.18 КУП Скопје: 3 место;

4.Пласман слободен лет-едрилици Ф1А лига;

– 10.06.18 КУП Кавадарци: 2 место;

 

  • Ф-3-А категорија (Радио-управувани воздухопловни модели – авиони)

НЕДАН ПАНОВСКИ „ Р Ц С К“ – Скопје

  • Ф-3-У категорија (Радио-управувани квадрокоптери – Дронови)

БОЈАН НИКОВ

ПАРАГЛАЈДИНГ

  • Параглајдинг Категорија Крос Кантри 

БОРЈАН ЈОВАНОСКИ “Делта” – Прилеп

  • Параглајдинг Категорија Прецизно Слетување БОРЈАН ЈОВАНОСКИ “Делта” – Прилеп

7.место Европско Првенство 2018
1.место Државно Првенство во прецизно слетување 2018
2.место Државно првенство во крос кантри 2018
1.место Национална Лига во прецизно слетување 2018
1.место Национална Лига во крос кантри 2018
1.место 3то Коло на Европски Куп 2018
16.место на Светска Ранг Листа ФАИ

1.место Државно првенство во крос кантри 2018
4.место Национална лига во крос кантри
Освоена норма за учество на Светско првенство 2019

ЕДРИЛИЧАРСТВО

НАЈДОБАР ЕДРИЛИЧАР ЗА 2018
МАРЈАН ИВАНОВСКИ “Аеро Клуб – Куманово”
Марјан учествуваше на едриличарски бланик куп во Приједор, БиХ и освои 1 место.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПАДОБРАНСТВО

НАЈДОБАР ПАДОБРАНЕЦ ЗА 2018та

ВАНГЕЛ ТРКАЉАНОВ “Аеро Клуб – Скопје”

Вангел е падобранец/скијач параплегичар кој веќе 3 години по ред успешно ја претставува Македонија на Хенди Флај Првенства. Во 2017та Вангел освои прво место во негова категорија на првенство во Минск, Белорусија.

 

 

 

 

 

 

За сите овие резултати да бидат возможни заслужни се партнерите – организации кои и пружија поддршка на Воздухопловната Федерација. Благодарници им беа доделени на:

М-НАВ АД за повеќегодишна поддршка во работењето на канцеларијата на ВФМ.

Престижни дипломи доделени од Светската Воздухопловна Федерација на Македонија добија селекторите Здравко Тодороски и Димче Велковски.

 

 

 

 

 

 

 

По завршувањето на официјалниот дел, присутните се упатија кон НЛБ Галери каде имаа можност да уживаат во изложба наречена Спортско воздухопловство – Некогаш и сега.

Воздухопловна Федерација на Македонија во 2019та ќе работи активно за развој на воздухопловните спортови, зголемување на младинските категории во спортско моделарство, високо ниво на организација на европски и светски првенства, зголемување на бројот на жени во спортот и развој на спортот кај лицата со попреченост.

Автор:

Б.Е.

јануари 9, 2019

Манифестација Спортист на Годината 2018 Посветена на Спортистите и Партнерите на ВФМ

На 20 декември 2018та година со почеток во 18 часот во просториите на НЛБ Галери се одржа манифестацијата ‘Спортист на годината 2018’ во организација на Воздухопловна […]