Од 13ти до 15ти Април во Грција се оддржа интернационалниот натпревар Прхомахи Опен, каде што Македонскиот тим на параглајдеристи постигнаа огромен успех со победа во сите категории.

Победник на натпреварот беше Мартин Јовановски со прво место и во сериска категорија.

Прво место во спортска категорија беше Дарко Станковски. Исто така со одличен настап беа и Ѓорѓи Ристовски и Борјан Јовановски со резултат во првите 10. Добар натпревар имаше и Александар Ангеловски со 6-то место во EN-B категорија.

Ова беше тридневен натпревар со 2 трки. Трките беа по 50-тина километри долги а арената за натпревар беше долината Воден, помеѓу Лутраки и Фустани каде што имаше одлични услови за спортско летање. Одличната организација од страна на клубот Fly Pella и гостоприемството на локалното население допринесоа овој настан да биде целосно успешен.

На овој натпревар покрај натпреварувачи од Грција учество земаа 65 пилоти од Русија, Бугарија, Германија и Полска, а Македонскиот тим по долга пауза се појави во полн состав на еден интернационален натпревар и покажа дека ги има сите потенцијали за добри резултати на светско ниво во годините што следат

Вкупни резултати.

Резултати за En-B категорија.

Цел на 2рата трка.

 

април 23, 2018

Победа на Македонскиот Тим Параглајдеристи на ФАИ2 Првенство во Грција

Од 13ти до 15ти Април во Грција се оддржа интернационалниот натпревар Прхомахи Опен, каде што Македонскиот тим на параглајдеристи постигнаа огромен успех со победа во сите […]
март 26, 2018

Централен Регистер

ПРОМЕНА ИЛИ УСОГЛАСУВАЊЕ НА СТАТУТ – ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР 1. Записник од Седница на собрание 2. Список на членови на Собрание 3. Список на […]
март 7, 2018

Промоција на Хенди Одело за Тандем Скокови на Лица со Попреченост

Воздухопловната федерација на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт промовираше прво во Македонија, Хенди одело за тандем скокови за лица со параплегија и […]
март 1, 2018
две лица паѓаат слободно во скок со падобран

Крилја на Слободата – Тандем Скокови за Лица со Попреченост

На 05.03.2018 (Понеделник) во НЛБ Галеријaта со почеток во 11 часот ќе ги презентираме новите можности за Тандем Скокови со Падобран и Тандем Летови со Параглајдер за […]