Повторно голем успех на националниот параглајдинг тим на Перник Опен 2018 – Европски куп во прецизно слетување кој се одржа 19-21.10.2018.

Параглајдинг тимот кој учествуваше во финалниот круг од Европскиот куп е составен од параглајдеристи од клубовите Делта и Скајрајдерс од Прилеп.

Националниот параглајдерски тим екипно освои прво место!

Второто место во индивидуална конкуренција му припадна на Мартин Јованоски од Прилеп.

Во женска конкуренција Александра Увцеска освои трето место.

2018 е година на доминација на Националниот параглајдинг тим над комшиите од Србија, Грција И Бугарија, а и во Словенија екипно се пласиравме во првите пет.
Честитки за нашите спортски воздухопловци и секогаш сино небо!

Резултати од натпреварот

Воздухопловна федерација на Македонија кон крајот на Декември ќе организира традиционална манифестација за прогласување на најдобрите спортисти.

Б.Е.

октомври 22, 2018

Параглајдинг – Врвни резултати на Перник Опен 2018

Повторно голем успех на националниот параглајдинг тим на Перник Опен 2018 – Европски куп во прецизно слетување кој се одржа 19-21.10.2018.
октомври 18, 2018

Јуниорите во Воздухопловно Спортско Моделарство со Врвни Резултати на Светски Куп “Трофеј на Прилеп” и “Македонија”

Одличен настап, врвни резултати и многу медали и бодови во Светскиот куп за нашите спортски моделари на „Трофеј на Прилеп“ и „Светски Куп Македонија“.
октомври 18, 2018

Одлични Параглајдинг Перформанси на Прилеп Опен 2018 и Државно Првенство на Националната Параглајдинг Лига

На 13 и 14 октомври во Крушево традиционално се одржа Меѓународен натпревар во параглајдинг – прецизно слетување “Прилеп Опен” и Државно првенство на Националната параглајдинг лига. […]