На 05 јули (четврток) во Агенцијата за млади и спорт со почеток во 11 часот ќе се одржи Прес-конференција на која ќе се најави почетокот на 20-то Европско првенство во змејарство класа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings)во дисциплината крос кантри во Крушево.

Настанот ќе го отворат:

Директор на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски

Претседател на Воздухопловна Федерација нa Македонија, Владимир Бараковски

Директор на Агенција за Промоција и Поддршка на Туризам, Љупчо Јаневски

Градоначалник на Општина Крушево, Томе Христоски

 Натпреварите во змејарство ќе се одвиваат во Крушево и Пелагонискиот регион од 9 до 21 јули 2018 година. Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп,с. Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките.

Практично во периодот од 9-ти јули до 21-ти јули 2018 година, Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.

Овие две големи првенства ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.

Поддржувачи на настанот:

Агенција за Млади и Спорт

НЛБ Банка АД Скопје

Агенција за Промоција и Поддршка на Туризмот

Општина Крушево

Корисни линкови:

http://hgeu2018.mk/

https://www.youtube.com/watch?v=AdqdlnhhQGA

јули 3, 2018

Небото над Македонија ќе е полно со змејови: Европско и Светско првенство во Змејарство ни гостуваат летово во Крушево

На 05 јули (четврток) во Агенцијата за млади и спорт со почеток во 11 часот ќе се одржи Прес-конференција на која ќе се најави почетокот на […]