Трет интернационален воздухопловен собир Мај Флај и Ф3У трка со дронови ќе се одржи викендов на Спортски Аеродром Стенковец (12-13 мај 2018; 11-18 часот).

Програма на настанот

Настанот ќе биде пренесуван во живо во соработка со МОК ТВ (Македонски Олимписки Комитет) со пристапување преку следниот линк: https://youtu.be/99Hq1DwuJIo

Што е Мај Флај?

Интернационален собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели – „МАЈФЛАЈ„ Стенковец , Скопје, Македонија.

Настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.

Програма на настанот

ВИЗИЈА на Мај Флај

Да се промовира бенефитот и уникатноста на радио контролираното моделарство како спорт и хоби и да се прошират и зацврстат долгорочните врски со интернационални и регионални клубови и нивните членови.

Мисија на Мај Флај

Да се овозможи и направи пристапно уникатно искуство на сите обожуватели на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси преку лична, клубска промоција, но и промоција на матичната земја.

ВРЕМЕ: 12-13 Мај 2018 ( Сабота и Недела ) 11:00 – 18.00

Програма на настанот

Настанот е најавен во Агенција за цивилно воздухопловство, и поддржан од Македонски Олимписки Комитет и Воздухопловна Федерација на Македонија.
Додаток: Резултати од Мај Флај 2018
 
мај 11, 2018

Интернационален Воздухопловен Собир Мај Флај по Третпат на Стенковец

Трет интернационален воздухопловен собир Мај Флај и Ф3У трка со дронови ќе се одржи викендов на Спортски Аеродром Стенковец (12-13 мај 2018; 11-18 часот). Програма на […]