Пријавување на параглајдерски или змејарски натпревар од ФАИ2 категорија
Пополнете ја пријавата и пратете ја (заедно со доказ за уплата во ФАИ) во Воздухопловна федерација на Македонија на следниот мејл: office@vfm.org.mk
Превземете ги потребните пријави за натпревар тука:
1. Пријава за ФАИ2 Параглајдерство и Змејарство дисциплина – Крос Кантри
2. Пријава за ФАИ2 Параглајдерство дисциплина – Прецизно Слетување
3. Пријава за ФАИ2 Параглајдерство дисциплина – Акробации
Пријавата, заедно со доказот за уплата мора да ги испратиме до ФАИ, НАЈДОЦНА 37 дена пред почеток на натпреварот.
Откажување на натпревар: Натпреварот може да се откаже, но со најава од 30 дена пред почеток на натпревар.
Резервни датуми: Вклучете резервни датуми во пријавата доколку сметате дека постои можност натпреварот да биде прекинат и поместен на друг датум (најчесто поради лоши временски услови во кои пилотите не можат да полетаат).
Пријава на ицидент: Доколку се случи инцидент во кој е отворен резервен падобран или е повикана амбулантна или спасувачка служба, организаторот е должен да достави пријава за инцидент во која ќе достави информации за инцидентот. Пријавата се врши преку Светскиот систем за ранкување на пилоти.
Уплата на Натпревар од ФАИ2 категорија
Имате три опции за уплата на натпревар од ФАИ 2 категорија – Средствата се уплаќаат на сметка на ФАИ во Лозана, Швајцарија во износ од 1.5 котизација.
ФАИ бара минимум сума за котизација која изнесува 50 евра:
Прв начин за уплата во ФАИ: Преку Pay Pall. Следете го овој линк.
Втор начин за уплата во ФАИ: Трансфер преку банка – Ќе ви треба девизна сметка, или доколку вашиот клуб нема девизна сметка може Воздухопловната федерација да уплати за вас. Ќе ви требаат следните информации за уплата преку банковен трансфер:
Credit Suisse Private Banking
Rue du Lion d’Or 5-7
Case postale 2468
CH – 1002 Lausanne
SWIFT/BIC Code: CRES CHZZ 80A
Account name: FAI-CIVL Fédération Aéronautique Internationale
Account n° for Euros exclusively: 0425-457968-32-6
IBAN code: CH63 0483 5045 7968 3200 6
При уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО вклучете ги следните информации:
• Назив на уплата: “Category 2 sanction fee”
• Име и датум на натпреварот
• Дисциплината за која се пријавувате на англиски јазик:

Hang gliding (Class 1, 2, 5 and/or Sports Class)
Paragliding
Paragliding accuracy
Paragliding Aerobatics
Постои можност Вашата банка да побара адреса на ФАИ:
Maison du Sport International, Av. de Rhodanie 54, CH-1007 – Lausanne, Switzerland
Трет начин за уплата во ФАИ: Со кредитна картичка, директно на сајтот на ФАИ. Овој начин е наједноставен, но важно е да се спомене дека ФАИ се оградува од одговорност за вашата картичка, и советува да не се користи овој начин.
Спортските Календари за организација на натпревари ги изработува Комисија за параглајдерство и змејарство и ги доставува до Воздухопловна федерација на Македонија. Потоа Генералниот секретар ги процесира до ФАИ.
Ве молиме придржувајте се до роковите за пријавување и извршете уплата истиот ден кога го пријавувате натпреварот во Воздухопловна феерација на Македонија, за полесно процесирање кон ФАИ.

април 26, 2018

Пријавување на параглајдерски или змејарски натпревар од ФАИ2 категорија

Пријавување на параглајдерски или змејарски натпревар од ФАИ2 категорија Пополнете ја пријавата и пратете ја (заедно со доказ за уплата во ФАИ) во Воздухопловна федерација на […]
април 26, 2018

Маврово Опен 2018 и Македонска Параглајдинг Лига

“Маврово Опен” 2018 е меѓународен натпревар во Параглајдерство – прецизно слетувањe во организација на Летачки Клуб Кондор од Гостивар, и со поддршка на Воздухопловна Федерација на […]
април 23, 2018

Победа на Македонскиот Тим Параглајдеристи на ФАИ2 Првенство во Грција

Од 13ти до 15ти Април во Грција се оддржа интернационалниот натпревар Прхомахи Опен, каде што Македонскиот тим на параглајдеристи постигнаа огромен успех со победа во сите […]