Воздухопловната федерација на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт промовираше прво во Македонија, Хенди одело за тандем скокови за лица со параплегија и квадриплегија.

На настанот кој беше одржан во НЛБ Галеријaта со почеток во 11 часот, Воздухопловната федерација потпиша Меморандум за соработка со Здружение на лица со параплегија и квадриплегија “Без Ограничувања” и Аеро Клуб “Скопје” Со намера промовирање на воздухопловните спортови и создавање еднакви можности за сите.

На настанот се обрати Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски:

“Подршката која ја имате од Агенција за млади и спорт и понатаму ќе продолжи, можам да гарантирам од мое лично име и дека ќе се зголеми во интензитет. Ние сме фокусирани во

вложување во спортот, особено во младинските категории, без разлика дали се работи за лица со попреченост или без попреченост.”

Тој додаде дека не треба да правиме разлики туку сите да се вклучиме во допополнителна промоција на спортот за сите лица со попреченост активно да бидат инволвирани во спортот.

Пред присутните се обрати и Вангел Тркаљанов, Претседател на Здружение на лица со параплегија и квадриплегија “Без Ограничувања”.

Тој зборуваше за неговото учество на меѓународен натпревар во Падобранство за лица со попреченост “Хенди Флај Челинџ”, соработката со Агенција за млади и спорт и неговата желба за повеќе учества на спортисти од Македонија на меѓународни натпревари.

“Денеска не сме тука за да ги прикажеме лицата со попреченост како лица на кои им треба поддршка, туку како активни спортисти во овој екстремен спорт (Падобранство) кој би требало да биде интересен и за лицата без попреченост.

Падобранството е особено проблематично за лицата со попреченост. Затоа ние ги бираме најхрабрите и ги повикуваме да ни се придружат во оваа наша акција и да дојдат да скокаат со падобран.”

Погледнете го воздушното искуство на Вангел и Јане на меѓународен натпревар во Минск, Белорусија.

Јане Стефанов, Претседател на Аеро Клуб Скопје го презентираше Хенди оделото кое е набавено од Падобранската федерација на Франција:

На крајот на настон Генералниот секретар на ВФМ, Биљана Еверете ги извести присутните дека наскоро ќе биде објавен повик до сите општествено одговорни компании за донирање на средства за падобрански тренинзи на лица со попреченост.

Средствата се потребни за повторно да пратиме екипа од Македонија на наредниот Хенди Флај Челинџ во Москва во Јули.

март 7, 2018

Промоција на Хенди Одело за Тандем Скокови на Лица со Попреченост

Воздухопловната федерација на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт промовираше прво во Македонија, Хенди одело за тандем скокови за лица со параплегија и […]