На 05.03.2018 (Понеделник) во НЛБ Галеријaта со почеток во 11 часот ќе ги презентираме новите можности за Тандем Скокови со Падобран и Тандем Летови со Параглајдер за Лица со Параплегија и Квадриплегија.

Повелете на настанот кој беше промовиран во ТВ24 во емисијата Македонија Денес.

Во просториите на НЛБ Галери се предвидени следните активности:

  1. Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Воздухопловна Федерација на Македонија, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклуб Скопје.
  2. Промоција на Тандем Одело за Воздухопловни Летови за Лица со Параплегија и Квадриплегија, набавено од Падобранската Федерација на Франција , а финансирана со средства преку програма на Агенција за млади и спорт, за учество на спортисти на Меѓународни натпревари.
  3. Повик за донирање на средства, до сите општествено одговорни компании, со кои и оваа година повторно ќе пратиме екипа од Македонија на ХендиФлај Челинџ во Москва во Јули.

Воздухопловната федерација на Македонија со поддршка од  Агенција за млади и спорт, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“и Аеро Клуб Скопје набави Хенди Одело за тандем скокови со падобран и тандем летови со параглајдер за лица со параплегија и квадриплегија.

На настанот ќе присуствуваат директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, генерален секретар на Воздухопловна федерација Биљана Еверет, Претседател на Здружение на лица со параплегија и квадриплегија “Без ограничувања” Вангел Тркаљанов и Претседател на Аеро Клуб Скопје Јане Стефанов.

За повеќе информации прочитајте Интервју на Вангел Тркаљанов за Радио МОФ или посетете ја ФБ страната на Воздухопловна Федерација на Македонија.

Воздухопловна федерација на Македонија, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје планираат да спроведат проект „Небото нема oграничувања“кој воздухопловните спортови ќе ги приближи до сите граѓани.

 

март 1, 2018
две лица паѓаат слободно во скок со падобран

Крилја на Слободата – Тандем Скокови за Лица со Попреченост

На 05.03.2018 (Понеделник) во НЛБ Галеријaта со почеток во 11 часот ќе ги презентираме новите можности за Тандем Скокови со Падобран и Тандем Летови со Параглајдер за […]