Трето Место За Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар Промахиа Опен 2019

Одличен Пласман на Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар во Албанија
април 19, 2019
Семинар за Родови Перспективи – Унапредување на Родовата Еднаквост во Спортот
април 22, 2019

Трето Место За Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар Промахиа Опен 2019

Параглајдеристот Борјан Јованоски го освои третото место на ‘Промахи Опен 2019’ ФАИ2 Меѓународен Параглајдинг натпревар во категорија Крос Кантри кој се одржа од 10-14 април во Промахи, Грција.

На настанот учествуваа 41 пилот од 6 држави (Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Кореа и Норвешка.) Македонскиот тим екипно освои високо трето место, составен од:

Борјан Јованоски со трето место во спортска категорија од Параглајдинг Клуб Делта

Александар Ангеловски со освоено петто место од ПК Делта

Дарко Станковски со четврто место (сите категории) од ПК АКВИЛА

Адам Спиркоски со освоено 4то место од ПК Скајрајдерс

Борис Данески со освоено 10то место од ПК Љуботен

Голема благодарност до организаторот Петрос Мискос и клубот  ‘Едеса ’ и кој успеа да одржи 2 успешни трки кои се одвиваа во отежнати временски услови. Настанот го поддржа Културната Асоцијација – Промахи.

Спортистите на Воздухопловна Федерација на Македонија не застануваат тука. Наредниот шампионат започнува за само 3 дена. Националната параглајдинг репрезентација ќе ја претставува државата на Светски Куп во прецизно слетување во Аланија, Турција од 19-21 април 2019.