Годишна Сметка 2018та
Ваучер во Спорт 2019 Година
март 13, 2020
Извештај за Реализација на Ваучер во Спорт 2020
март 10, 2021

Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2021

По 2 години успешно функционирање на системот за Ваучер во спорт, можеме да кажеме дека секоја година има се повеќе кандидати за оваа финансиска помош наменета за активни и успешни клубови и спортисти. Во продолжение погледнете ги ранг листите на клубови и спортисти на Воздухопловната Федерација.

Според освоените бодови, трите најуспешни клубови на ВФМ се Фил Феникс од Прилеп, ДЕЛТА од Прилеп и АК Охрид од Охрид.

 

Активни клубови на ВФМ кои оствариле особени резултати во 2019/20

Оваа година е забележлив порастот на спортисти кои се охрабрија да аплицираат за Ваучер во спорт, најусшени годинава се Борјан Јованоски, параглајдинг пилот од Прилеп кој во 2019 беше број 1 на европска ранг листа и меѓу првите 5 во светот. Веднаш по него е параглајдеристката Ане Уфцеска која е многу активна и во 2020 отвори свој клуб, Скај Но Лимит. На третото место е моделарот Александар Цветановски од АК Охрид, довчерашен успешен јуниор и спортска надеж на ВФМ.

Ранг Листа на Најуспешни Спортисти на ВФМ

Потсетување до сите наши успешни клубови и спортисти дека средствата кои ќе успеат да ги уновчат се правдаат до март наредната година. Односно, ако сте добиле Ваучер за спорт за 2021, се правда во федерација најдоцна до март 2022. Доколку ги потрошите средствата порано ВЕ МОЛИМЕ веднаш праќајте сметки.

Мала забелешка во однос на обрасците е што дел од нашите спортисти и клубови се почувствуваа обесправени бидејќи категориите во кои се натпреваруваат не се вклучени во бодувањето. Доколку сметате дека сте можеле да освоите повеќе бодови контактирајте го генералниот секретар за појаснување.

За крај голема благодарност до Агенција за Млади и Спорт за оваа феноменална можност да се наградат федерациите, клубовите и спортистите за нивните резултати и претставување на земјата, дома и во странство.