Семинар за Родови Перспективи – Унапредување на Родовата Еднаквост во Спортот

Трето Место За Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар Промахиа Опен 2019
април 19, 2019
Ранг Листа на Спортски Надежи во 2019та
јули 26, 2019

Семинар за Родови Перспективи – Унапредување на Родовата Еднаквост во Спортот

На 17 и 18 април во Маврово се одржа семинар наречен “Унапредување на родовата еднаквост во спортот” во организација на здружение “ТАКТ” од Скопје и “Women Win” од Холандија.

На семинарот учество земаа претставници на локалната самоуправа, спортски федерации и клубови. Тие преку нова алатка наречена “Lego Serious Play” ги претставија моделите на своите организации.

Првиот ден се работеше на анализа и идентификација на бариерите со кои се соочуваат спортистките и како да се надминат.

Преглед на идентификувани препреки со кои се соочуваат девојчињата кои сакаат да спортуваат:

  • Недостаток на поддршка од семејството/пријателите/партнерот;
  • Недостаток на финансии;
  • Лична сигурност;
  • Пубертет;
  • Недостаток на самодоверба.

Претставничката од Холандија, Ивон Хенри со присутните сподели успешни приказни на девојчиња кои преку спортот успеале да се стекнат со животни вештини. Особен фокус беше ставен на девојчињата од руралните средини кои немаат опции да спортуваат.

Вториот ден беше посветен на Жените-лидерки. Присутните работеа во групи и заеднички ги идентификуваа можните бариери кои ги спречуваат жените да добијат лидерски позиции во општеството. Потоа се бараа начини да се надминат тие препреки.

Претставничката на ТАКТ Силвија Митевска во спортот гледа влезна врата за здравје, добри навики и лидерство:

-Ни требаат што повеќе жени на лидерски позиции со цел да се приклучат што поголем број на девојки кои ќе учествуваат во рекреативен и професионален спорт.

Воздухопловната Федерација на Македонија се приклучува кон напорите на ТАКТ за градење на здраво општество со поголема инклузија на девојчињата во спортот и на лидерски позиции.

Б.Е.