Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2023

Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2022
јануари 20, 2022

Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2023

Оваа година ВФМ прими голем број на обрасци за Ваучер во спорт. По приемот тие беа обработени од тричлена комисија за Ваучери.

Биљана Еверетте – Раководител на стручна служба

Здравко Тодороски – Селектор во Спортско Моделарство и член на Управен Одбор при ВФМ

Мартин Јованоски – Претседател на Комисија за параглајдинг, Врвен спортист

Оваа година повторно се увиде дека дел од апликантите собираат повеќе бодови од тоа што е реално, иако имаше и случаеви каде беа заборавени и невнесени (а постигнати) резултати. Затоа е битно во комисијата да членуваат луѓе од фелата кои горе долу ги познаваат спортистите и нивната историја.

По обработка на податоците утврдивме дека спортистите мораат да бидат вклучени во национален систем на натпревари, да се државни прваци со врвни резултати дома и во странство за да можат да помислат да го преминат прагот на минимум потребни поени за да се добие ваучер.

Ова е особено изразено кај Неолимписките спортови, кои за жал во старт губат 50% од поените само поради фактот што се неолимписки. Па така излегува дека нашите спортисти се казнети, а нивните резултати вреднувани само 50% во споредба со другите.

Секоја година останува надежта дека на нашите воздухопловни спортисти ќе им се признаат сите бодови.

Во однос на бодови за Клубови,

Особено е неправеден вториот критериум во обрасците според кој треба да имате минимум 40 спортисти во клубот за најминимални бодови, а максимални земаат клубови со 500 спортисти. Овој критериум е комплетно наклонет кон масовните спортови. Воздухопловството не е масовен спорт, и затоа сите наши клубови добија по 0 бодови кај вториот критериум.

Во продолжение ранг листи на спортисти и клубови, членки на Воздухопловна Федерација: