Извештај за потрошени средства од Ваучер во Спорт 2021
март 15, 2021

Ранг Листи за Ваучер во Спорт 2022

Во 2022 година Воздухопловна Федерација има најмногу пријавени за Ваучер во спорт.

10 клубови и 27 спортисти пратија Барања кои беа обработени од страна на 3 члена комисија при ВФМ:

  1. Генерален секретар Биљана Еверетте
  2. Претседател на параглајдинг комисија Мартин Јованоски
  3. Инструктор и Селектор на спортски моделари Здравко Тодороски

Мислење на Комисија при ВФМ:

“Како и секоја година воочивме грешки при бодувањето, најмногу кај собирањето на повеќе успеси во спортот наместо сметање на еден најдобар резултат како и губење на бодови поради незнаење. Комисијата воочи дека ќе треба да се организира Обука за пополнување на обрасци во федерацијата. Исто така недостаток е немањето на физичко присуство на комисијата. Предложено е наредна година да се одржи состанок во живо или на зум.”

Воздухопловната федерација оваа година освои 260 бодови, што е за 20 повеќе од лани.

Најдобар клуб за 2021 година при ВФМ е ВСК Фил Феникс од Прилеп а најдобар спортист параглајдеристот Борјан Јованоски и спортски моделар Климент Масин од Охрид.

Во продолжение погледнете ги ранг листите на кандидати за Ваучер во спорт за 2022 година.

EPSON MFP image

EPSON MFP image