На 28 октомври 2019 г.(понеделник), во „Сала Милениум 2“ на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 18.30 час ќе се одржи промоција на книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“
Во книгата се поместени историски документи, фотографии и факти за првиот падобрански скок на овие простори, како и воздухопловната кариерата на Владимир Трајковиќ, првиот пилот на првиот полициски хеликоптер на некогашната македонска милиција, при тогашниот РСВР. Авторот на книгата е Ѓорги Чачкиров, кој и самиот е професионален пилот и сестран воздухопловен активист со долгогодишно искуство.
Чачкиров направи повеќегодишно истражување на воздухопловната кариера на Александар и Владимир Трајковиќ (татко и син) што го преточи во своевиден историски воздухопловен учебник, насловен „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“. Со тоа, книгата претставува прво дело од ваков вид во нашава држава Република Северна Македонија, која опфаќа период од повеке од 90 години, каде најголемиот број документи, факти и фотографии, за прв пат ќе бидат објавени, не само на просторот на нашава држава, туку и пошироко и во светски размери, со што претставува посебност со ретка историска вредност. Рецензент на книгата е проф. д-р Стево Пендаровски.
Ќерките на Владимир Трајковиќ, Олгица Ташковска и Јулијана Трајковиќ