Одличен Пласман на Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар во Албанија

Манифестација Спортист на Годината 2018 Посветена на Спортистите и Партнерите на ВФМ
јануари 9, 2019
Трето Место За Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар Промахиа Опен 2019
април 19, 2019

Одличен Пласман на Параглајдеристите на Меѓународен Натпревар во Албанија

Од 16  до 17 март 2019, во Џирокастер, соседна Албанија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство ‘Gjiro Open Air 2019’ – дисциплина прецизно слетување.

Севкупен победник на натпреварот е Борјан Јованоски член на Параглајдинг Клуб “Делта”, со вкупно 26 сантиметри, додека во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска член на клубот “Sky no limit”.

Временските услови беа одлични со поволни одлики на ветрот и термички влијанија коишто овозможија да се направат 6 максимални серии според правилата на FAI. На овој натпревар зедоа учество четириесет натпреварувачи од три различни земји, меѓу кои и членови на македонската параглајдинг репрезентација.  Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови.

Наредна дестинација на параглајдеристите е меѓународен натпревар во Грција „Прои Рмахи Опен 2019“  а веднаш по него Светски куп во прецизно слетување во Турција, Аланија.

Воздухопловна Федерација на Македонија продолжува со своите заложби за унапредување на спортот и создавање достоинствени услови за тренинг и развој на воздухопловните спортисти.

Б.Е.